Најдобрата тенисерка има нов тренер

Најдобрата тенисерка на светот Ига Швјонтек објави дека има нов тренер.

По прекинот на соработката со тренерот со кој ги оствари најголемите резултати во кариерата Томаш Викторовски, полската тенисерка некое време беше без тренер.

Сепак, Швјонтек составува нов тим во нападот на нови гранд-слем титули, а прво име во нејзниот табор ќе биде Вим Фисет.

Швјонтек ја пропушти азиската турнеја, а во моментов се подготвува за завршнио ВТА турнир на кој ја брани титулата од минатата сезона.

Се вчитува...