Грчевски го објави списокот за ЕХФ неделата

Селекторот на женската сениорска ракометна репрезентација,Кристијан Грчевски го објави списокот на ракометарки повикани за собир и подготовки за претстојната женска ЕХФ национална недела во период од 21.10.2024 до 27.10.2024 година.

Нашата сениорска селекција во рамки на EХФ националната недела ќе настапи на „Трофеј Карпати“ во Романија во период од 24.10 до 27.10 и ќе оддигра натпревари против Романија, Словачка и Швајцарија.

Собирот е закажан за ден 21.10.2024 со почеток во 09.00 часот во спортска сала „Антон Димитров“ во Скопје.

Се вчитува...