Суспендирани судиите кои дозволија Златибор да игра со шест кошаркари

Судиите на натпреварот од АБА 2 лигата меѓу Златибор и Борац Бања Лука направија кои направија голем превид и му дозволија на тимот на Златибор речиси цела минута да биде со играч повеќе на теренот, добија суспензија од АБА лигата.

Како што се вели во соопштението тие се суспендирани за следните две кола во ова натпреварување на кое треба да бидат арбитри.

„Врз основа на извештајот на судискиот инструктор г-дин Саша Маричиќ, за натпреварот од 2. коло од АБА 2 Лигата меѓу Златибор и Борац Бања Лука, судиите Радош Савовиќ, Воислав Лепетиќ и Миодраг Лакиќевиќ се казнети со забрана за судење во следните мечеви. Со оглед на тоа што нивното судење на натпреварот помеѓу Златибор Борац Бања Лука е оценето како потпросечно, врз основа на член 20.1. од Правилникот за работа на Одделот за судење на АБА лигата Г.П., тројцата судии се санкционирани со забрана за судење во следните два натпревари“, стои во соопштението на АБА. 

Се вчитува...