Алушовски: Европските мечеви се награда за добрата работа во минатото

Ракометниот суперлигаш на Македонија, ГРК Охрид в сабота на домашен терен ќе ја пречекаат романската Тундра во меч од 2. коло од ЕХФ купот.

Предводникот на охриѓани, Стевче Алушовски пред првиот меч вели дека иако имаат тежок противник неговите ракометари ќе дадат максимум.

„Уште по ждрепката кажавме дека немавме среќа. Но, ова е награда за добрата работа во минатата година. Успеавме по седум години Охрид да го вратиме на европската ракометна мапа. Турда е квалитетна екипа, една од водечките во романскиот шампионат. Составена е од одлични романски репрезентативци и квалитетни интернационалци. Имаме доста сознанија за нашиот противник, анализиравме многу видеа и добро се подготвуваме. Како што знаете ова е натпревар во две полувремиња, првото е тука во Охрид и затоа ги повикувам навивачите да дојдат во што поголем број, а на крај сите се надеваме дека по второто полувреме ние ќе бидеме тие кои што ќе се радуваат“, рече Алушовски.

Слично размислува и искусниот Гоце Ојлески…

„Секој ракометар цели на вакви европски настапи. Овој меч треба да е уживање за нас. Сметам дека имаме свои шанси и заедно со охридската публика да направиме спектакл во кој на крајот ќе се радуваме на победа. Го анализиравме противникот. Тие имаат брзи крила која ја користат секоја грешка на противникот“, изјави Ојлески. 

Се вчитува...