Бекам за Манчестер Јунајтед: Знам дека навивачите ја губат довербата, потребни се промени

Еден од иконите на Манчестер Јунајтед – Дејвид Бекам ја коментираше ситуацијата во клубот по доаѓањето на новите косопственици Сер Џим Ретклиф и „Инеос“, кои го презедоа управувањето со клубот во последната година. Поранешниот капитен на Англија беше категоричен дека враќањето во подобрите денови по последните разочарувачки сезони е нешто што секој навивач на тимот го посакува, но ја истакна и потребата од трпение и време за да се донесат промени.

Бекам ја поздрави желбата на Ретклиф за промени, иако имаше многу критики во последните денови откако се појави дека на друга легендарна личност, Сер Алекс Фергусон, му бил раскинат договорот.

„Мислам дека има потреба од промени. Зборувам како навивач и мислам, како и многу други, дека на клубот му треба промена и нова перспектива во начинот на кој се води. Навистина ми се допаѓа Џим. Го запознав неколку пати низ годините, имаме заеднички пријатели и мислам дека тој е навистина обожавател, но и голем бизнисмен, еден од најголемите. Исто така, мислам дека е многу важно навивачите да видат дека тој се грижи, а мислам дека се грижи, и тоа значи многу. Навивачите последниве години очигледно ја изгубија вербата во управата, но сега гледаат дека сака да создаде нешто. Така, се надеваме дека работите ќе се сменат, но потребно е време. Мислам дека бевме прилично трпеливи како поддржувачи на Јунајтед низ годините, но сакаме да се вратат старите добри времиња. Сакаме тие денови да се вратат и што побрзо, толку подобро“, изјави Бекам.

Се вчитува...