Кристијано Роналдо е најплатениот фудбалер во 2024 година

Португалскиот напаѓач Кристијано Роналдо , кој моментално игра за Ал-Наср во Саудиска Арабија, е најдобро платен фудбалер во светот во 2024 година на рангирањето на магазинот Форбс. Според изданието, Португалецот заработил 285 милиони долари (220 милиони долари плата и 65 милиони долари заработка надвор од теренот).

Второто место го зазема аргентинскиот напаѓач на американски Интер Мајами Лионел Меси со 135 милиони долари (60+75). Првата тројка ја затвора бразилскиот напаѓач на саудискиот Ал-Хилал Нејмар , кој заработи 110 милиони долари (80+30).

Карим Бензема (Франција , Ал-Итихад ) со 104 милиони долари (100+4), Килијан Мбапе (Франција , Реал Мадрид ) со 90 милиони долари (70+20), Ерлинг Халанд (Норвешка , Манчестер Сити со 60 милиони долари (46+14 ), Винисиус Јуниор ( Бразил , Реал Мадрид) со 55 милиони долари (40+15), Мохамед Салах ( Египет , Ливерпул со 53 милиони долари (35+18), Садио Мане (Сенегал , Ал-Наср ) со 52 милиони долари (48 +4) и Кевин Де Брујне ( Белгија , Манчестер Сити) со 39 милиони долари (35+4).

Се вчитува...