Луис Енрике ќе добие нов договор од ПСЖ, со кој ќе остане на чело на стручниот штаб на клубот уште три години.
Актуелниот договор на Енрике со ПСЖ истекува во јуни 2025 година, но според француските медиуми, има најава за продолжување на уште две.
Енрике го презеде ПСЖ во 2023 година, и минатата година ја освои двојната круна: Лига 1 и Купот на Франција. Во Лигата на шампионите стигна до полуфиналето, каде беше елиминиран од Борусија Дортмунд.
Шпанецот се споменува како најсериозен наследник на Пеп Гвардиола во Манчестер Сити, меѓутоа ПСЖ со ова сака да го осигура поранешниот тренер на Барселона и екс селекторот на Шпанија на подолго време.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА