„Кро коп“ има големо срце: Спаси кученце од улица (ФОТО)

Поранешниот ММА борец Мирко Филиповиќ подобро познат како „Кро коп“ уште еднаш докажа дека има големо срце. Хрватот на социјалната мрежа „Фејзбук“ објави фотографија од мало кученце за кое вели дека го спасил од улица со цел да не дозволи да заврши под тркалото на некој автомобил.

Желбата на Филиповиќ е да го пронајде сопственикот на миленичето или пак да и најде „дом каков што заслужува“.

Се вчитува...