Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ и неговата Олимпија Милано дозволија неверојатен пресврт и луд пораз од Жалгирис од 82-85 во меч во кој имаа предност и од +27 поени во 4. коло од Евролигата.
А, Милано извонредно го одигра првото полувреме завршувајќи со +18 поени, 49-31, потоа имаа предност и од +27 поени, но дозволија неверојатен пресврт во второто полувреме кое ретко се гледа на кошаркарските терени на најквалитетното европско клупско натпреварување.
Жалгирис успеа последната четвртина да ја добие со 16-37, приредувајќи вистински шок за своите навивачи. Жалгирис во последните 10 минути полека но сигурно ја топеше предноста на домашните, и на 34 секунди пред крајот дојде до предност од 81-82. Димитријевиќ потоа не реализираше напад, а во финишот откако гостите дојдоа до 82-85, Брукс на четири секунди до крајот промаши шут за три поени и израмнување.
Димитријевиќ го заврши мечот со 11 поени и четири асистенции, а Миротиќ со 17 поени беше најефикасен кај домашните. Кај Жалгирис се издвои Гиедраитис со 21 постигнат поен.
Реал Мадрид триумфираше против Панатинаикос со 90-86, а Баерн Минхен триумфираше против Париз.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА