Меси: Ги остварив сите мои соништа… Што ми останува друго?

Шпанска „Марка“ му додели признание на Лионел Меси за фудбалер со најмногу освоени трофеи во историјата на фудбалот – вкупно 56, нешто што е апсолутно недостижно за било кој друг поединец во фудбалот.

„Фала му на Бога, можам да кажам дека ги исполнив сите мои соништа. Мојот најголем сон беше да го освојам Светското првенство. Сега, што ми останува друго? Освоив се за клубот на мојот живот, Барселона, а исто така освоив титули во ПСЖ. Не можам да барам ништо повеќе“ – вели Меси во разговорот за „Марка“.

Но, тој ја остава отворена можноста и на свои 39 години да настапи на Светското првенство 2026 за својата репрезентација.

„Се трудам да уживам во секој ден. Не размислувам сега за тоа. Кога ќе дојде време, ќе видиме, не сакам предвреме да зборувам. Сега се чувствувам добро и се надевам дека ќе продолжи така, па ќе видиме“ – вели Меси.

Се вчитува...