Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, вели дека новиот формат на Лигата на шампионите е вистинска катастрофа кога е во прашање зголемениот број натпревари кои ги оптоваруваат фудбалерите.
„Место повеќе пари како што беше најавено, се покажа дека добивме повеќе натпревари. Да се освои Лигата на шампионите е престижно, но сите очекувавме да биде многу поразлично. Мислам дека ова е катастрофа“ – вели Лапорта, притоа осврнувајќи се и на можноста за формирање паралелна Суперлига.
„Таа е поважна од било кога во моментов, и се е подготвено за неа. Само треба да се постигне договор со фудбалските организации. Барселона ќе се обиде да одигра улога на мост меѓу Суперлигата и федерациите“.
Првиот човек на Барселона е против и Лигата на нациите.
„УЕФА тоа натпреварување го организираше на задна врата. Таму не се почитуваат правата на фудбалерите, а клубовите плаќаат. Против Лигата на нациите сум затоа што таа треба да се регулира така што ќе биде во интерес на играчите и на клубовите“ – вели Лапорта.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА