Никола Ѓоргиев потпиша за турски Туршад!

Најдобриот македонски одбојкар Никола Ѓоргиев својата кариера ја продолжува во турскиот суперлигаш Туршад.

Ѓорѓиев откако минатата сезона ја мина во дресот на Љубљана, изминатиов месец се врати во Струмица како огромно засилувања за македонскиот шампион на двомечот со унгарски Капошвар во рамките од ЦЕВ-купот. Но, по завршувањето на европската одисеја за струмичани, Ѓоргиев сега со договор со Туршад за продолжување на својата интернационална кариера.

Се очекува наскоро македонскиот одбојкар и официјално да биде промовиран во својот нов клуб!

Како што е познато, најдобриот македонски одбојкар на сите времиња кариерата ја почна во домашната ЏИО Струмица, а потоа беше дел и од клубовите, Раднички Крагуевац, Волеј Форли, Париз Волеј, Тореј Ероуз, ОНИКО Варшава, Осака Б. Сакаи и Фридрисхафен.

Се вчитува...