ДЕН ЗА ИСТОРИЈА: Ѓоковиќ – Надал, за последен пат!

Ден за историја на светскиот тенис. Едни од најдобрите тенисери во историјата на овој спорт, Новак Ѓоковиќ и Рафаел Надал утре за последен пат во историјата ќе се соочат еден против друг во пресметката за третото место на егзибицискиот турнир „Шест кралеви“ во Ријад, Саудиска Арабија.

И двајцата, иако добија привилегирана позиција и директен пласман во полуфиналето на овој турнир сепак беа елиминирани во таа фаза, Ѓоковиќ од Јаник Синер а Надал од Карлос Алкараз.

Легендите на „белиот спорт“ досега меѓусебно имаат 60 официјални пресметки, а скорот е 31-29 во корист на Ѓоковиќ. Овој меѓусебен скор секако ќе остане непроменет, затоа што утрешниот меч ќе биде неофицијален.

Надал неодамна најави пензионирање и тоа по настапот на завршницата од Дејвис купот во Малага, каде што се очекува да игра само во двојки, поради што јасно е дека ова ќе биде негова последна пресметка со Новак Ѓоковиќ.

Се вчитува...