Дојде крајот: Кевин Стротман замина во пензија

Холанѓанецот Кевин Стротман денеска објави крај на фудбалската кариера. Играчот од средниот ред играше за Спарта Ротердам, Утрехт, ПСВ, Рома, Олимпик Марсеј, потоа во Џенова и Каљари. Последен клуб му беше Џанова, а откако не успеа да најде нов ангажман, се реши да стави крај на кериата на 34 години. 

Стротман играше за сите селекции на Холандија, а за сениорската одигра на 46 натпревари.

– На кариерата и дојде крајот. Ти благодарам, фудбал – напиша Стротман на социјалната мрежа „Икс“.

Се вчитува...