Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти денеска одржа прес-конференција пред утрешниот меч против Селта Виго, а призна дека на челниците на клубот им рекол дека не му требаат засилувања во јануарскиот преоден рок и дека знае кој може да го замени Дани Карвахал на позиција на десен бек.
Сепак, Анчелоти денеска го демантираше ова и призна дека му рекол на Флорентино Перез дека не му требаат засилувања во јануари и дека има план кој би можел да игра на позицијата десен бек во преостанатиот дел од сезоната.
„Не барав засилувања од клубот и им кажав дека не ни требаат. Имавме проблеми со повреди и минатата сезона и добро покривавме се со играчите што ги имаме во тимот. Истото ќе го направиме и ова време“, рече Анчелоти и продолжи.
„Секако, Лукас Васкез ќе биде тој што ќе игра на таа позиција бидејќи таму го користевме претходно, но нема да биде единствениот. Планирам и Едер Милитао да игра десен бек. Го гледам во тоа позиција и верувам дека ќе ги оправда очекувањата“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА