Ѓоковиќ: Сите вие што сакате да се повлечам, жал ми е, ќе ме гледате уште долго време

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ истакнува дека се уште нема да се пензионира, иако признава дека му е се потешко да се мотивира.

Во интервју за аргентинскиот „Ла Насион“, кое се одржа во Белград, Ѓоковиќ исто така беше запрашан што го мотивира по сето она што го помина во тенисот.

„Тоа е легитимно прашање. Длабоко во себе чувствувам дека можам да освојам повеќе гранд-слем титули. Она што сè уште ме мотивира да се натпреварувам, особено на слемовите, е чувството дека сум кандидат за освојување на тие трофеи. Исто така, сакам да настапувам во Дејвис купот за Србија. Жал ми е за оние кои сакаат да се пензионирам, бидејќи ќе мора уште некое време да ме гледаат“, изјави Ѓоковиќ. 

Се вчитува...