ФБИ распиша потерница за канадски олимпиец

Американското Федерално истражно биро (ФБИ) издаде налог за апсење за познатиот канадски олимпиец Рајан Вединг, некогаш голем сноубордер кој се натпреваруваше на Зимските олимписки игри во 2002 година во Солт Лејк Сити.

Вединг заврши на 24. место на игрите, а сега се бара во операцијата на ФБИ „слалом“, бидејќи е осомничен за шверц на огромни количини кокаин од Мексико во САД и Канада.

ФБИ издаде налог за претрес на Вединг и нуди награда од 50.000 долари за информација што ќе доведе до апсење на 43-годишниот Канаѓанец. Вединг се бара поради наводно водење транснационална операција за шверц на дрога, при што стотици килограми кокаин биле испорачани од Колумбија, преку Мексико до САД и Канада. Тој беше обвинет и за повеќекратни убиства за време на зделки со дрога.

Се вчитува...