Двократниот европски шампион Вардар стигна до нова победа во домашниот шампионат, откако вечерва во премиерниот меч од 8. коло од ракометната Суперлига на домашен терен славеше против МРК Куманово со рутински 31-21.
„Црвено-црните“ почнаа фуриозно уште од самиот старт. Во првите триесет минути на противникот му дозволија само шест гола и на пауза заминаа со убедливи 15-6. Во второто полувреме кумановци успеаја да му парираат на големиот фаворит, но и тоа не беше доволно за ништо повеќе од двоцифрен пораз 31-21.
Ашраф со пет погодоци беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените недоволни беа 10 погодоци на Давид Димевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА