Кариерата на Јам Мадар, израелскиот репрезентативец кој ги замина од Партизан по потрага по поголеми примања летото откако го доби признанието за најдобар млад играч во Евролигата не продолжи во вистинскиот правец.
По една сезона во Фенербахче тој се пресели во Баерн Минхен од каде и сега се наоѓа пред заминување. Тој има лимитирана минутажа во германскиот евролигаш, но на масата има и примамлива понуда од Хапоел Тел Авив.
Имено, клубот кој се натпреварува во Еврокупот му нуди тригодишен договор со кој воедно тој и би се вратил назад на местото од каде и ја започна кариерата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА