Германците најавуваат: Елмас е се поблиску до заминување од Лајпциг

Елиф Елмас минатиот декември од Италија се пресели во Бундес-лигата, но како што стојат работите македонскиот репрезентативец зимава би можел да се врати експресно назад на Апенинскиот полуостров.

„Дијамантот“ доби серија ветувања од тренерот Розе кога доаѓаше од Наполи, но се остана на празни зборови, нашиот интернационалец е меѓу играчите на кои стручниот штаб не смета сериозно, за што најдобар доказ е податокот дека Елиф сезонава одигра само седум минути, во финишот од мечот во ЛШ против Атлетико Мадрид.

Германските медиуми се почесто најавуваат трансфер на Елмас, па така денеска „Скај“ повторно посвети статија на македноскиот ас, потенцирајќи ја премалата минутажа што ја добива во Лајпциг. Според истите извори, Елиф летово ја одбил Аталанта, а тимот од Бергамо сега повторно покажува интерес да го врати Елмас назад во Серија А. Покрај Аталанта, заинтересирани за Елмас се и челниците на неговиот поранешен клуб Наполи, па останува да се види каде Елиф ќе настапува во вториот дел од оваа натпреварувачка сезона.

Како што изгледа ситуацијата во моментов, секаде е подобро отколку да остане во Лајпциг…

Се вчитува...