Во Евролигата повеќе нема непоразени екипи откако Црвена Звезда во супердраматичен дуел загуби на домашен терен од Барселона со 94-98, и тоа по продолжение од пет минути. За болката на АБА шампионот да биде уште поголема, главен виновник за овој пораз е доскорешниот капитен на Партизан, Кевин Пантер, кој ги постигна клучните поени за Барса во овој голем триумф за каталонскиот гигант.
Мечот донесе огромни возбудувања, „црвено-белите“ успеаја да се одлепат на девет поени предност во третата четвртина, но Барса се врати благодарение на Бризуела. До крајот беше многу интересно и неизвесно, Пантер погоди тројка на помалку од 10 секунди до крајот за „плус два“ за Барселона, но Јаго беше прецизен на положување на спротивната страна и го одведе мечот во продолжение.
Црвена Звезда имаше „плус три“ и напад, ЈАго промаши тројка, по што Барселона влезе во ритам, најпрвин од далечина реализираше Лапровитола, а потоа Пантер погоди клучна тројка за 93-96, Јаго погоди едно од двете слободни фрлања, „црвено-белите“ дури стигнаа и до офанзивен скок, но Пантер во клучните моменти украде топка и реализираше од контранапад, ставајќи точка на овој супердраматичен натпревар.
Кевин Пантер со 26 поени беше клучна фигура во победничкиот тим, 19 поени постигна уште еден екс-играч на Партизан, центарот Јан Весели. Кај Црвена Звезда најефикасни во вечерашниот пораз беа Дос Сантош со 23 и Калиниќ со 19 поени.
KEVIN PUNTER.
— Matteo Andreani (@matty_vanpersie) October 18, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА