Ѓоковиќ: Македонија, Хрватска, Црна Гора и БиХ настрадаа многу повеќе и од Србија

Во интервју за аргентинскиот „Ла национ“, Новак Ѓоковиќ покрај за тениските работи, говореше и за многу други теми.

Тој вели дека Балканот е место кое многу пати по распадот на Југославија, но дека иако Србин, знае дека многу повеќе од неговата земја настрадаа Македонија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина.

„Тенисот ми даде можност за подобар живот и да се извлечам од проблемите што ги имавме во Србија, особено во доцните деведесетти. Ги спомнав бомбите. Дали знаевте дека Белград е европскиот град кој најмногу пати бил урнат и обновен? Овој град има неверојатна издржливост и дух. Го наоѓам тој дух во мене. Тешкотиите низ кои поминавме моето семејство, мојот народ и јас… го повторувам затоа што знам дека тоа што го кажувам го слушаат и во Хрватска, Босна, Македонија, Словенија, Црна Гора… Секогаш ќе го споменувам затоа што и тие страдаа во поновата историја и во војните, дури и повеќе од Србија. Затоа ја разбирам болката и тешкотиите. За жал, воените рани се уште се отворени и се уште има тензии, но преку спортот и филантропијата се отвора пукнатина, простор луѓето да се зближат, да имаат повеќе разбирање и да простат. Тоа е пораката која секогаш се обидувам да ја пренесам. Тие искуства од деведесетите се секогаш со мене, не минуваат, но продолжувам понатаму. Не мразам никого за тоа што се случи и никогаш нема да заборавам, но можев да простам и мило ми е“, изјави Ѓоковиќ. 

Се вчитува...