Кошаркарите на ТФТ остануваат перфектни во новата сезона во кошаркарската лига на Македонија, откако во првиот меч од третото коло од денешната програма на домашен терен славеа над Кожув со 79-77.
Во првото полувреме иако домаќините беа подобар противник, гостинот во ниту еден момент не им дозволи да се одлепат на некоја поголема разлика, па по 20 минути резултатот на семафорот изнесуваше 36-31.
Кожув одигра одлично во третиот период кој го доби со три поени разлика, па на влезот на последната четвртина гевгеличани имаа негатива од само два поени (51-49). Сепак, ТФТ одигра одлично во последните десет минути и на крајот заслужено стигна и до третиот триумф сезонава 79-77. Говенс со 21 и Зафиров со 19 беа први имиња во таборот на ТФТ, додека кај поразените недоволни беа 35 поени на Фран Пилепиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА