ОФИЦИЈАЛНО: Пешиќ останува селектор на Србија

Светислав Пешиќ и официјално остана на местото селектор на кошаркарската репрезентација на Србија.

Пешиќ на тој начин ќе потпише нов договор со КСС до 2026 година, што значи дека ќе ја води репрезентацијата на на нашиот сосед на следниот Евробаскет. Договорот ќе биде потпишан утре на пладне кога Пешиќ и официјално ќе остане на кормилото на националниот тим на оваа земја.

Пешиќ забележа добри резултати, во овој мандат, откако освои сребрен медал на СП во Манила, додека летово стигна и до бронзата на Олимписките игри во Париз.

Се вчитува...