Koшаркарите на Феникс стигнаа до првата победа во новата сезона во домашниот шампионат откако денеска славеа на гостувањето кај „новајлијата“ во елитата Вардар со 72-77 во меч од 3. коло од Првата лига.
Домаќините подобро го отворија првиот период, па по десет минути игра имаа предност од 23-18. Скоро па идентично гостите возвратија во вториот период па на пауза се замина со егал (42-42).
Во вториот дел гостинскиот тим беше посконцентриран во поважните моменти, па на крајот стигна до заслужен триумф од 72-77. Девоун Грант со 25 поени беше убедливо најдобар поединец кај победникот, додека кај поразените Рос и Хамптон постигнаа по 18 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА