Драма во Премиерлигата: Дани Велбек изнесен на носилки (ВИДЕО)

Напаѓачот на Брајтон, Дени Велбек, беше изнесен од теренот на носилки откако силно падна на грб за време на гостувањето кај Њукасл.

Во 77. минута Велбек се судри со дефанзивецот на „страчките“ Фабијан Шер, по што падна на грб и за момент ја загуби свеста. Тоа беше крајно опасен пад на поранешниот голгетер на Арсенал и Манчестер јунајтед.

За среќа, брзо се освести, веќе му беше укажана голема помош, а превентивно беше изнесен од теренот на носилки. Според првите информации, Велбек заработил повреда на долниот дел на грбот, а колку е сериозна и колку долго ќе трае опоравувањето ќе покажат дополнителните прегледи.

 

 

Се вчитува...