Ново вечно дерби, нов хаос на трибините (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Вечното дерби меѓу Работнички и МЗТ Скопје кое се игра во СРЦ Кале е прекинато на почетокот на втората четвртина. Откако по првите тринаесет минути тимот од Аеродром буквално го прегази својот противник во првите тринаесетина минути 11-30, на сцена стапија навивачите на двете екипи.

Беа фрлени неколку петарди, по што делегатот на мечот одлучи да ги повлече кошаркарите на двата тима во соблекувалните. Тие се уште не се вратени на теренот бидејќи се чека да се испразнат трибините каде што се наоѓаат најверните навивачи на двете екипи „Сити парк бојс“ и „Фемили Аеродром“.

 

Се вчитува...