Најголемото македонско кошаркарско дерби меѓу Работнички и МЗТ Скопје доживеа вистински срам откако по само 13 минути игра (при резултат од 11-30 за МЗТ Скопје) двете навивачки групи „Сити Парк Бојс“ и „Фемили Аеродром“ предизвикаа прекин.
Беа фрлани петарди и пиротехника од двете страни, по што делегатот на мечот одлучи да ги повлече кошаркарите на двата тима во соблекувалните.
Одлуката на делегатот и судиите беше да се испразнат деловите од трибините каде што се наоѓаа најжестоките навивачи на двата тима. Прво „Фемили“ беа испратени со полициска придружба кон Аеродром, а потоа се испразни и делот од салата каде што беа „Сити Парк Бојс“, по што сега кошаркарите на двата тима се вратија на паркет и натпреварот ќе продолжи без присуство на двете навивачки групи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА