Актуелниот шампион во Формула 1, Макс Ферстапен се врати на победничките патеки во шампионатот, откако вечерва славеше на спринт-трката за големата награда на Соединетите Американски Држави која се вози во Остин, Тексас.
Откако вчера ја освои пол-позицијата, Ферстапен денеска без проблеми го задржа првото место, пред возачот на Ферари, Карлос Сајнц. Подиумот го надополни Ландо Норис во Мекларен.
Во бодови завршија уште и: Леклер, Расел, Хамилтон, Магнусен и Хулкенберг. Квалификациите за главната трка се вечерва на полноќ по македонско време, додека трката е закажана за утре.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА