По одличната победа на Алкалоид вечерва на домашен терен со Клаипеда, убава разлика пред реваншот од второто коло во ЕХФ купот ќе има и вториот македонски претставник ГРК Охрид.
Охриѓани вечерва на домашен терен одиграа феноменален натпревар против фаворизираната Потаиса Турда славејќи со 31-25. Избраниците на Стевчо Алушовски беа подобар противник и во првото полувреме кое го добија со 18-15, а успеаја да го надиграат противникот и во вториот дел за конечни 31-25.
Реваншот меѓу овие два тима е за седум дена во Романија. Никола Јукиќ со шест гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Гита исто така постигна шест гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА