Ниту „д од дерби“ не донесе пресметката на вечните македонски кошарски ривали Работнички и МЗТ Скопје, откако гостите стигнаа до убедлив триумф од 56-70. Откако по првите тринаесет минути тимот од Аеродром буквално го прегази својот противник 11-30, на сцена стапија навивачите на двете екипи.
Беа фрлени неколку петарди, по што делегатот на мечот одлучи да ги повлече кошаркарите на двата тима во соблекувалните. Тие се уште не се вратени на теренот бидејќи се чека да се испразнат трибините каде што се наоѓаат најверните навивачи на двете екипи „Сити парк бојс“ и „Фемили Аеродром“.
Одлуката на делегатот и судиите беше да се испразнат деловите од трибините каде што се наоѓаа најжестоките навивачи на двата тима. Прво „Фемили“ беа испратени со полициска придружба кон Аеродром, а потоа се испразни и делот од салата каде што беа „Сити Парк Бојс“, по што сега кошаркарите на двата тима се вратија на паркет и натпреварот ќе продолжи без присуство на двете навивачки групи.
По пауза од скоро час и половина натпреварот продолжи, но на теренот не донесе ништо ново. Аеродромци рутински го приведоа мечот до самиот крај за конечен триумф од 56-70. Mилош Копривица со 15 поени беше прво име кај МЗТ, додека кај поразените Стојан Ѓуровски заврши со 12 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА