ВИДЕО: Брутален нокаут – Енгану за 38 секунди му пресуди на Бразилецот!

Френсис Енгану се најде во октагонот првпат од јануари 2022 година и мечот го заврши со нокаут за противникот за само 38 секунди. Енгану го совлада бразилскиот борач, Ренан Фереира на ПФЛ случувањето во Ријад, Саудиска Арабија.

Бразилецот немаше никакви шанси против Енгану, брзо заврши на подот по што следеше серија удаари. Судијата брзо го прекина мечот со победа за Френсис.

Енгану победата ја посвети на својот син кој почина во април со само 15 месеци.

„Не можам да размислувам за ништо друго освен за мојот син Коби. Знаете, се борев само поради него, сакав да се борам за него. И сега го направив тоа. Се надевам дека сите ќе го запаметат неговото име, затоа што да не беше тој ни јас сега немаше да бидам тука. Немаше да се борам“ – рече Енгану.

Се вчитува...