Надал изненаден од шеикот на Саудиска Арабија: Си доби златен рекет (ВИДЕО)

Рафаел Надал го одигра својот последен меч во кариерата во поединечна конкуренција и тоа на егзибицискиот турнир во Ријад против својот голем ривал Новак Ѓоковиќ.

За Шпанецот останува само уште завршницата од Дејвис купот каде, како што рече, може да игра само во двојки. Па, организаторот на турнирот во Саудиска Арабија се одлучи на вистински начин да го испрати Надал во пензија.

По синоќешниотмечот против Ѓоковиќ домаќинот Турки Ал Шеик му подари на Надал луксузен подарок – златен рекет во природна големина, чија вредност се проценува на повеќе од еден милион долари.

Се вчитува...