Легендарниот кошаркар на Чикаго булс и хрватската репрезентација, Тони Кукоч зборуваше за војната во поранешна Југославија и своето пријателство со српскиот кошаркар Владе Дивац.
Кукоч имаше турбулентен однос со Дивац за време на воените години, но сега од временска дистанца кога трезвено би се говорело за судирите во поранешна СФРЈ, вели дека војна сигурно не би било ако претседател на Србија беше Владе Дивац, затоа што е предобра личност од која секој треба да учи.
„Може да кажам дека ако Дивац беше претседател на Србија, тогаш војна сигурно немаше да има. Ќе се најдеше некој начин Хрватска да биде Хрватска, Србија да биде Србија, но без војна и без човечки жртви. Затоа што тој е една навистина добра личност“ – истакна Кукоч.
Според него, во насока на единство била и реакцијата на Дивац на СП во Буенос Аирес кога од рацете на едно момче отргнал усташко знаме кое сакало да дојде на паркетот и потоа вееше југословенско знаме.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА