Лука Модриќ веќе 13 години е член на мадридски Реал, рушејќи бројни рекорди на клубот како најтрофеен играч во историјата и икона која долго ќе се памети меѓу „кралевите“. А, почетокот во клубот за него беше исклучително тежок по неговото доаѓање од Тотенхем во 2012 година.
На почетокот од кариерата во Мадрид, Лука беше мета на исмејување на ветераните во соблекувалната предводени од Португалецот Рикардо Карваљо.
„Луис Кампос, личниот скаут и асистент на Мурињо, а сега директор на ПСЖ, е еден од оние кои најмногу притискале клубот да потпише со Лука. Изврши огромен притисок на Флорентино Перез да го донесе и беше комплетно во право“ – велат извори од Реал за шпанските медиуми.
„На почетокот Лука беше во сенка на Чаби Алонсо, а мисијата беше Нури Сахин да напредува. Модриќ беше жртва на исмејување во соблекувалната. Ветераните само него го имаа ‘на нож’. Ги предводеше Карваљо, а му се придружија и ‘експертите’ за шега како Касиљас, Роналдо и Рамос… Го нарекуваа ‘Пони’ поради малиот раст а робусни нозе и поради фризурата со која изгледаше како ждребе. Исто така го нарекуваа и ‘Гуета’ поради сличностите со славниот ди-џеј“.
А, сето тоа заврши така што Хрватот се избори за место во стартниот тим и доби почит по која потоа сите во соблекувалната го обожаваа. Колкав е неговиот фудбалски успех доволно зборува и фактот дека и во 40-та година од животот е стандарден во тимот на Карло Анчелоти кој не може да се откаже од неговите услуги.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА