Само неколку часа откако постигна победнички гол за победа на Баер Леверкузен од 2-1 против Ајнтрахт Франкфурт, ѕвездата на тимот Виктор Бонифејс учествуваше во сообраќајна несреќа.
Нигерискиот напаѓач објави фотографија на Инстаграм со уништен автомобил на едната страна по враќањето од натпреварот против Ајнтрахт.
„Господ е голем“ – напиша Бонифејс со дополнение: „Господ рече дека моето време се уште не е дојдено“.
Поопширни информации за несреќата нема, а од клубот единствено информираа дека нигерискиот фудбалер не управувал со автомобилот.
Бонифејс сезонава одигра седум натпревари и постигна пет првенствени гола.
Nigerian & Bayer Leverkusen forward, Victor Boniface survived a ghastly car accident last night.
Thank God for life🥹🧎🏼♂️ 🙏 pic.twitter.com/VVnjz9MaCI— SportsDokita (Odogwu ☝️) (@Sports_Doctor2) October 20, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА