Расим Љајиќ се очекува да биде избран за нов претседател на ФК Партизан на Изборното собрание на клубот кое ќе се одржи утре во Белград.
А, како што пренесуваат српските медиуми, нему во раководните структури би можеле да му се приклучат две огромни легенди на клубот, поранешните репрезентативци Предраг Мијатовиќ и Данко Лазовиќ.
Данко Лазовиќ би требало да ја преземе функцијата генерален директор, на местото на омразениот меѓу партизановите навивачи Милош Вазура.
А, доаѓањето на Предраг Мијатовиќ сигурно би предизвикало огромно воодушевување. Тоа би било вистинска „бомба“ за Партизан. Мијатовиќ во минатото беше и спортски директор на Реал Мадрид.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА