Гол и асистенција на Митровски за победа на Вараждин (ВИДЕО)

Македонскиот репрезентативец Димитар Митровски е творецот на победата на Вараждин против Горица од 2-1 во 10. коло од шампионатот на Хрватска, запишувајќи гол и асистенција за својот тим.

Вараждин триумфираше со 2-1 во мечот во кој Митровски беше стрелец на првиот гол за својот тим.

Митровски стрелаше одлично од 15 метри по одбиената топка пред голот на гостите.

Во 51. минута македонскиот фудбалер асистираше на Мамиќ за водство и од 2-0, а до крајот гостите единствено успеаја да го ублажат поразот.

Ова е трет гол за македонскиот напаѓач сезонава за Вараждин, со кој во моментов е на делба на третото место на листата на најдобрите стрелци.

Се вчитува...