Барселона на најдобар можен начин се врати со три бода предност на врвот од табелата во Ла Лига пред Реал Мадрид, откако во спектакуларна вечер триумфираше со 5-1 против Севилја во 10. коло од шпанскиот шампионат.
Се беше решено на натпреварот уште во првото полувреме кога Барселона дојде до убедлива предност од 3-0. Левандовски од пенал во 24. минута донесе 1-0, потоа и Педри зголеми на 2-0, а Левандовски со својот втор гол во 39. минута донесе и 3-0.
Во второто полувреме Торе во 82. минута стрелаше за 4-0, за да гостите со голот на Идумбо во 87. минута намали на 4-1. На крајот, Торе со својот втор гол во 89. минута заокружи за конечни 5-1.
Вистински емотивен момент на натпреварот во 83. минута кога во игра влезе Гави добивајќи ја капитенската лента. Гави се повреди пред една година на мечот против Грузија за шпанската репрезентација, па по паузата поради тешката повреда сега повторно се враќа на терените.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА