Тренерот на Челси, Енцо Мареска не го криеше разочарувањето по поразот од Ливерпул во дербито на осмото коло во Премиерлигата, но не криеше и дека е задоволен од прикажаното на неговите избраници.
Челси одигра добро на „Енфилд“, имаше шанси и да стигне до реми со втор гол во второто полувреме, но не успеа во обидите да ја совлада мрежата на Келехер.
„Не сакаме да губиме и да остануваме без бодови. Но, ми се допаѓа како одигравме. Заслуживме повеќе. Го контролиравме натпреварот во најголемиот дел, имавме шанси, имавме и посед. Како што кажав, не сакам да губиме, но ова е начин на кој треба да играме. Овој тим беше храбар и без топка“, изјави Мареска.
Натпреварот го одбележа и интервенција на ВАР и поништен пенал, а за судењето италијанскиот стратег немаше никаква замерка.
„Не видов ништо спорно. Судиите ги донесоа тие одлуки. Некогаш се прави, некогаш се погрешни. Се на се, мислам дека судењето беше добро“, додаде стратегот на Челси.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА