Катастрофалниот почеток на сезоната во кој Кристал Палас освои само три од можните 21 бодови ќе донесе промена во Лондон со заминување на најдобриот фудбалер на овој тим, Еберечи Езе, пренесуваат англиските медиуми.
Како и самиот Кристал Палас, и Езе оваа сезона не блеска на теренот, но добрите настапи во изминатите две сезони ќе донесат повеќе милионска заработка за премиерлигашот.
За услугите на повремениот англиските репрезентативец најголем интерес покажуваат Ливерпул, Тотенхем и Манчестер Сити па огромна е веројатноста дека 26-годишникот ќе остане на „Островот“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА