Голема е веројатноста дека Роберто Манчини наскоро нема да биде најплатениот селектор на светот со оглед на лошите резултати кои ги бележи Саудиска Арабија во квалификациите за Светското првенство.
Саудиска Арабија е на делба на втората позиција со Австралија и Бахраин со по пет освоени бодови, а лидер на групата е Јапонија со десет бодови со што таа е речиси недостижна во овој момент.
Манчини трпи критики и од медиумите поради кои влезе и во кавга со нив, нешто што не му оди во прилог ни кај раководството на федерацијата поготово во моментот кога има само една победа во последните четири натпревари па се погласни се гласините за отказ.
Како потенцијални замени за Манчини се споменуваат Аргентинецот Рамон Дијаз и Французинот Ерв Ренар.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА