Нигерискиот фудбалер кој е член на Баер Леверкузен, Виктор Бонифејс преживеал страшна сообраќајна несреќа во Германија. Тој бил совозач во автомобил марка „Мерцедес“ кој се судрил со камион во недела околку седум часот наутро.
Бонифејс патувал на автопат во Франкфурт кај пријатели, а по тешката несреќа во која возачот загубил контрола и удрил во камион по кој се превртел се здобил со полесни повреда на раката. За останатите инволвирани во сообраќајката нема информации.
Нигериецот објави фотографија на социјалните мрежи од хаварисаниот автомобил насловувајќи ја „Бог е најголем“. Штетата е проценета на 200 илјади евра.
🚨 𝗗𝗲𝘀 𝗶𝗺𝗮𝗴𝗲𝘀 𝗳𝗼𝗹𝗹𝗲𝘀 ! 🤯 Victor Boniface 🇳🇬 a survécu à un grave accident de la route cette nuit ! 😱🚗
Les dégâts sont impressionnants mais restent matériels. 🙏
L’attaquant a tenu à rassurer ses fans sur ses réseaux sociaux. pic.twitter.com/RPzpn3ePoA
— Actu Foot (@ActuFoot_) October 20, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА