Танкоски: Нема друга опција освен победа против Порто

Вардар во 3. коло од Лига Европа го очекува тежок и исклучително важен натпревар за пласман во следната фаза. Во СЦ „Јане Сандански“ гостува Порто во средба која ќе биде одиграна во вторник со почеток од 20 часот и 45 минути.

На пресконференцијата за медиуми говореше и Марио Танкоски кој е свесен за важноста на средбата, проблемот со повредени играчи, но и предноста која ја носи настапот пред домашната публика.

„Не очекува многу важен натпреварот со Порто за пласман во наредната фаза на Лига Европа. Според сите нас, ова е најважниот меч за нас и единствена опција е да го добиеме. Со победа нема да бидеме сигурно во следна фаза, туку правиме голем исчекор кон следната фаза, а тоа е наша цел. Имаме шанси за да ја исполниме целта и покрај повредените играчи. Годинава немаме загубено меч во „Јане Сандански“ и се надевам дека тоа ќе продолжи така“, изјави Танкоски.

Се вчитува...