Доне Ристовски ќе суди футсал мечеви во Белгија

Еден од нашите најдобри футсал судии, интернационалецот Доне Ристовски од 22 до 27 октомври ќе суди во белгискот град Раздел мечеви во Лигата на шампиони – футсал, во групната фаза, главна група.

На турнирот ќе учествуваат футсал шампионите на Украина, Шпанија, Полска и Белгија.

Покрај Ристовски ќе судат и судии од Казахстан, Швајцарија и Португалија.

M.M

Се вчитува...