По 366 денови надвор од терените младиот фудбалер на Барселона, Гави се врати во тимот на Барселона и настапи на средбата против Севилја во која неговиот тим славеше со 5-1.
Гави одигра само седум минути, но тоа беше доволно за зад себе да го остави пеколот предизвикан по поведата на коленото.
„Многу сум среќен што се вратив после толку долго време. Сонував за овој момент со месеци. Не е најлошата работа што не играш и не си во можност да играш. Најтешко е да ги гледаш тие натпревари“, изјави Гави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА