Лука Дончиќ подготвен за почетокот на новата НБА сезона

Лука Дончиќ ќе биде подготвен за почетокот на новата НБА сезона кој за неговиот Далас започнува ноќта помеѓу четврток и петок со средбата против Сан Антонио во дербито на Тексас.

Словенечкиот кошаркар заработи повреда на почетокот на подготовките и не настапи во претсезоната, но навреме ја надмина повредата и ќе му биде на располагање на својот тим од самиот почеток.

Далас новата сезона ја започнува како вицешампион откако минатата сезоната не успеа да ја помине само последната пречка во походот кон шампионската титула.

Се вчитува...