Победата против Рома може да биде пирова по амбициите на Интер кој во средбата против „волчицата“ по помалку од триесет минути игра остана без услугите на два значајни фудбаери.
Хакан Чалханоглу го напушти теренот по 12. минути, а Франческо Ачерби по 27. минути. Овие двајца со сигурност ќе го пропуштат натпреварот против Јанг Бојс во Лигата на Шампионите, а постои голема неизвесност и дали ќе можат да му помогнат на својот тим во викенд дербито против Јувентус.
Според информациите на италијанските медиуми Турчинот и Италијанецот ќе го пропуштат и дербито на Италија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА