Арсенал го претрпе првиот пораз во сезоната откако во 8. коло од Премиерлигата загуби на гостувањето кај Борнмут со 2-0, губејќи го чекорот зад водечките Ливерпул и Манчестер Сити.
Сега пред избраниците на Микел Артета е натпревар од Лигата на Шампионите против Шахтјор, меч за кој шпанскиот стратег вели дека мора да екипата позитивно да реагира.
„Многу специфичен момент за нас. Мораме да реагираме на поразот. Треба да ја прифатиме болката и да ја употребиме утре. Сакаме да победуваме во секое натпреварување, а тоа не е лесно“, изјави Артета.
По дуелот со Шахтјор, „топчиите“ ги очекува нов голем предизвик во Премиер-лигата, на домашен терен против лидерот Ливерпул.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА