Пелистер стигна и до третата победа во низа во Првата лига, откако битолчани славеа над Куманово со 88-74 задржувајќи го перфектниот скор во од стартот на новата сезона во мак-баскетот.
Лука Стојановски беше човекот на одлука на синоќешниот дуел, одличниот бек погодуваше кога беше најважно, постигнувајќи вкупно пет тројки, но и давајќи значаен придонес во одбраната на битолчани против кумановци.
„Ние сме квалитетен тим и победа над Куманово треба да биде рутина за нас. Овојпат имавме лош старт, слаба комуникација во одбраната и самите си ја отежнавме работата, но најважно е што во вистински момент заигравме како што треба и со крајниот резултат го докажавме квалитетот што го поседуваме. Мојата добра шутерска партија е заслуга на тимската игра и несебичните потези на моите соиграчи. Ова беше колективна победа за која сите што влегоа на теренот дадоа свој придонес“, истакна Стојановски.
Тој не го крие задоволството што повторно соработува со тренерот Александар Петровиќ, под чие водство бележеше одлични игри во дресот на Академија ФМП.
„Среќен сум во Битола, втора година сум овде, моите очекувања за сезонава се да стигнеме до најмалкуе ден трофеј и дефинитивно да направиме подобар резултат во АБА2 во однос на лни. Тренерот Петровиќ има огромен придонес за хемијата во екипата и за добриот старт на сезоната. Тој е тренер што верува во секој поединец, неговиот карактер и позитивна енергија се рефлектираат врз играчите, па сите ние настапуваме со голема самодоверба под негово водство“, вели Стојановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА